Опозициската партија ДУИ реагира и на коригираниот билгорд за добредојде во Скопје кој беше поставен викендов, а потоа сменет по реакција на граѓаните и партиите откако на него се појавија нелогични фотографии од Скопје, креирани со вештачка интелигенција.
-Во само еден ден, Град Скопје двапати отворено ја прекрши законската обврска за употреба на албанскиот јазик. Скопје е двојазичен град и неговите институции имаат јасна законска обврска албанскиот јазик да го користат во официјалната комуникација. Пред очите на јавноста, и покрај реакциите на граѓаните, Град Скопје продолжи да го игнорира законот, албанскиот јазик и албанската заедница, покажувајќи целосно непочитување кон мултиетничкиот карактер на главниот град,реагира ДУИ.
Партијата го повика Инспекторатот за употреба на јазиците да ги утврди прекршувањата и обвини дека директорот поставен од ВЛЕН го има „парализирано Инспекторатот и молчи пред очигледните прекршувања“ и „го претвора исклучувањето на албанскиот јазик во институционална практика“ па побара негова оставка.
