Државниот завод за ревизија даде неповолно мислење за финансиските извештаи и работењето на ЈП „Комунална хигиена – Скопје“ за 2024 година, утврдувајќи сериозни финансиски, организациски и технички слабости.
Според ревизорите, околу 60 проценти од специјалните комунални возила не се во функција, а просечната старост на возниот парк изнесува 15 години.
Тие констатирале и неправилности во евиденцијата на имотот и опремата, како и побарувања од околу 127 милиони денари со неизвесна наплата. Во извештајот се наведува дека претпријатието работи со загуба, има намалена ликвидност, а обврските достигнуваат речиси 737 милиони денари.
Дополнително, во текот на 2024 година преку приватна агенција биле ангажирани 354 лица, за што биле исплатени околу 185,7 милиони денари.
