Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»ДПМНЕ манипулира за наводен економски успех, зад пропагандата остануваат поскап живот, слаби инвестиции и 1,44 милијарди евра трговски дефицит, велат од Левица
    Политика

    ДПМНЕ манипулира за наводен економски успех, зад пропагандата остануваат поскап живот, слаби инвестиции и 1,44 милијарди евра трговски дефицит, велат од Левица

    12/08/20263 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    ДПМНЕ повторно се обидува економската состојба во државата да ја сведе на неколку внимателно одбрани проценти, наредени во партиска графика и ослободени од секој контекст што би можел да им ја расипе приказната. Оние бројки што ДПМНЕ намерно ги премолчува кажуваат многу повеќе од самофалбите што ги сервираат. Впрочем, нема потреба ни од посебни анализи, доволно е да се прашаат граѓаните дали ги чувствуваат вмровските економски успеси или одвај врзуваат крај со крај за да го поминат месецот.

    Во едно ДПМНЕ е навистина успешно – од различни статистички периоди да избере по една погодна бројка и од нив да произведе впечаток дека државата економски полетала. Само што целата серија податоци покажува нешто многу попрозаично, а тоа е дека цените остануваат значително повисоки од 2024 година, растот претежно го носи потрошувачката, инвестициите заостануваат, индустриската активност кумулативно не расте, бројот на индустриски работници се намалува, а увозната зависност создава дефицит од 1,44 милијарди евра за пет месеци.

    Инфлацијата од 2,3% во јули не значи поевтин живот. Уште помалку значи дека ценовниот товар врз домаќинствата се стопил за речиси 60%, како што ДПМНЕ се обидува да го претстави намалувањето на стапката. Тоа се две различни работи, имено, забавувањето на растот на цените не ги враќа веќе направените поскапувања. Од јуни 2024 до јули 2026, потрошувачките цени кумулативно се повисоки за 7,74%. Значи, граѓанинот денес не влегува во маркет со 60% помала инфлација, туку со речиси 8% повисоко ценовно ниво отколку кога ДПМНЕ ја презеде власта.

    Ниту 3,1% раст на БДП е доволно да се прогласи развоен пресврт. Напротив, динамиката во првиот квартал од 2026 веќе покажува забавување, а составот на растот уште подобро покажува што се случува под површината. Финалната потрошувачка е зголемена за 7,3% и сочинува дури 86,4% од БДП, додека бруто-инвестициите растат едвај 1,8%. Со толкава разлика меѓу трошењето и вложувањето, ДПМНЕ тешко може да зборува за нов производствен циклус, модернизација и проширување на економскиот капацитет. Раст што доминантно се храни од потрошувачка, а не од инвестиции, не е основа за долгорочен развој, без оглед колку убаво изгледа една издвоена стапка во партиско соопштение.

    Посебен пример за статистичко пазарење е фалењето со 6,5% раст на индустриското производство. ДПМНЕ си го избира месецот што му одговара и го претставува како дијагноза за целата индустрија. Но за јануари–мај 2026 индексот на индустриското производство е 99,7, односно кумулативно има пад од 0,3% во однос на истиот период од 2025 година. Уште понезгоден е податокот што го нема во нивната објава, а тоа е дека бројот на работници во индустријата во истиот период е намален за 3%. Власт што прогласува индустриски процут додека кумулативното производство е во минус, а индустријата губи работници не е ништи друго туку манипулативна власт.

    Истата техника ја применуваат и кај надворешната трговија. Наместо целата сметка, ДПМНЕ го соопштува само она што може да се стави со плус пред бројката. За јануари–мај извозот е зголемен за 5,7%, но увозот во истиот период пораснал за 5,9%. Извозот изнесува 217,9 милијарди денари, а увозот 306,5 милијарди. Разликата од 88,6 милијарди денари, односно приближно 1,44 милијарди евра, е трговски дефицит што никако не успеал да најде место во победничката графика на ДПМНЕ. Покриеноста на увозот со извоз е околу 71%. Односно, власта се фали само со растот на извозот, а го премолчува уште побрзиот раст на увозот.

    Поврзани вести:

    Апасиев поднесе кривична пријава против членови на ДКСК и Комисијата како правно лице

    Апасиев поднесе кривична пријава против членови на ДКСК и Комисијата како правно лице

    СДСМ користи „низок и уличарски речник“ и покажува недостаток на политичка зрелост, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ

    СДСМ користи „низок и уличарски речник“ и покажува недостаток на политичка зрелост, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ

    Мицкоски во Велес на поставување камен-темелник за нова подземна гаража и плоштад

    Мицкоски во Велес на поставување камен-темелник за нова подземна гаража и плоштад

    СДСМ: Изјавите на Мицкоски за криминалот се обид за прикривање на состојбите во државата

    СДСМ: Изјавите на Мицкоски за криминалот се обид за прикривање на состојбите во државата

    Мицкоски сподели видео од Дејвид Гета: Концертот беше вечер во чест на Македонија

    Мицкоски сподели видео од Дејвид Гета: Концертот беше вечер во чест на Македонија

    Брвеница како тест за партиите пред евентуални предвремени парламентарни избори: Кандидатите на 4 најголеми партии на 18 октомври во трка за градоначалник

    Брвеница како тест за партиите пред евентуални предвремени парламентарни избори: Кандидатите на 4 најголеми партии на 18 октомври во трка за градоначалник

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Апасиев поднесе кривична пријава против членови на ДКСК и Комисијата како правно лице

    13/09/2026

    СДСМ користи „низок и уличарски речник“ и покажува недостаток на политичка зрелост, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ

    13/09/2026

    Мицкоски во Велес на поставување камен-темелник за нова подземна гаража и плоштад

    13/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.