Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Економија»Директна авиолинија Тел Авив – Скопје или Охрид е тема на разговорите во Израел, потврди министерот Муцунски
    Економија

    Директна авиолинија Тел Авив – Скопје или Охрид е тема на разговорите во Израел, потврди министерот Муцунски

    29/08/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во интервју за израелскиот весник „The Jerusalem Post“, изјави дека Република Северна Македонија има потенцијал да стане значајна влезна точка кон Европа за израелските туристи, компании и инвеститори.

    Во рамките на неговата прва официјална посета на Израел како министер, Муцунски посочи дека една од клучните теми во разговорите била можноста за воспоставување директна авиолинија меѓу Тел Авив и Скопје или Тел Авив и Охрид.

    „Една од првите теми за кои разговаравме беше можноста за воспоставување директна авиолинија меѓу Тел Авив и Скопје или Тел Авив и Охрид, кој е нашиот главен туристички центар и град за кој верувам дека секој Израелец би сакал да го посети“, изјави Муцунски.

    Според него, целта не е само да се зголеми туристичката размена, туку и да се создадат подобри услови за економска соработка и инвестиции.

    Министерот нагласи дека стратешката положба на Македонија, на пресекот на Коридорите VIII и X, како и инвестициите во транспортната и енергетската инфраструктура, можат да ја направат земјата привлечна дестинација за израелските компании кои сакаат да се прошират на европскиот пазар.

    „Сакаме да бидеме порта кон Европа не само за израелските туристи, туку и за израелските компании. Можеме да бидеме и влезна точка за израелските инвеститори кон европски пазар чиј потенцијал сè уште не е целосно искористен, но и пазар за извоз“, истакна Муцунски.

    Во интервјуто бил нагласен и потенцијалот за продлабочување на соработката во земјоделството, управувањето со водите, безбедноста, иновациите, туризмот, здравството, образованието, инвестициите и одбранбената индустрија.

    Муцунски оцени дека одличните билатерални односи меѓу Македонија и Израел треба да се надградат со конкретни економски и институционални проекти, додавајќи дека Владата ги поставила односите со Израел како еден од приоритетите на надворешната политика.

    „Од формирањето на Владата, билатералните односи со Израел ги поставивме како еден од приоритетите на нашата надворешна политика“, рече тој.

    Во интервјуто се споменува и засилената динамика на контактите меѓу двете земји во изминатиот период, вклучително и посетата на парламентарна делегација предводена од пратеничката Рашела Мизрахи, која во јануари остварила средби со претседателот на Кнесетот Амир Охана и други високи израелски претставници.

    Според Муцунски, посетата на Израел треба да придонесе за натамошно продлабочување на политичките и економските односи, отворање нови можности за инвестиции и воспоставување посилни деловни и туристички врски меѓу двете држави.

    Поврзани вести:

    ВМРО-ДПМНЕ: Јавниот долг се намалува како процент од БДП, инфлацијата падна на 2,3 отсто

    ВМРО-ДПМНЕ: Јавниот долг се намалува како процент од БДП, инфлацијата падна на 2,3 отсто

    МЕПСО инвестира во модернизација на мрежата и нови интерконекции

    МЕПСО инвестира во модернизација на мрежата и нови интерконекции

    Неделен преглед на Македонската берза: промет од 32,91 милиони денари, најтргувани акциите на Комерцијална банка

    Неделен преглед на Македонската берза: промет од 32,91 милиони денари, најтргувани акциите на Комерцијална банка

    Мицкоски: Македонија ќе ја развива економијата преку вештачка интелигенција и дата-центри

    Мицкоски: Македонија ќе ја развива економијата преку вештачка интелигенција и дата-центри

    И покрај последните поскапување, се уште во Македонија се точи најевтино гориво

    И покрај последните поскапување, се уште во Македонија се точи најевтино гориво

    До 30 септември пониски цени на училишниот прибор – намалување од најмалку 15 отсто во продавниците

    До 30 септември пониски цени на училишниот прибор – намалување од најмалку 15 отсто во продавниците

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    ВМРО-ДПМНЕ: Јавниот долг се намалува како процент од БДП, инфлацијата падна на 2,3 отсто

    30/08/2026

    МЕПСО инвестира во модернизација на мрежата и нови интерконекции

    29/08/2026

    Неделен преглед на Македонската берза: промет од 32,91 милиони денари, најтргувани акциите на Комерцијална банка

    29/08/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.