Во Европа само што почнаа квалификациите за Светското првенство во фудбал 2026, а десет репрезентации веќе обезбедија пласман.
Автоматски како домаќини на СП 2026 ќе играат САД, Мексико и Канада. Од Азија ќе има двајца дебитанти: Јордан и Узбекистан, а Јапонија само ја продолжува традицијата за редовен учесник на мундијалите.
Од Јужна Америка, веќе Аргентина обезбеди пласман, а многу блиску до виза за СП 2026 се и Еквадор и Парагвај.
И Нов Зеланд ќе учествува на Светското првенство, откако завршија квалификациите во Австралија и Океанија.
На СП 2026 година ќе учествуваат 48 репрезентации.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:







