Денеска се навршуваат десет години од катастрофалното невреме што го погоди Скопје и околината, при кое животот го загубија 22 лица.
На 6 август 2016 година обилните врнежи и силниот ветер предизвикаа разорни поплави во Сингелиќ, Стајковци, Смилковци и Арачиново. За само 24 часа во Скопје наврнаа речиси 93 литри дожд на метар квадратен, а околу илјада граѓани беа евакуирани од своите домови.
По трагедијата, 8 август беше прогласен за Ден на жалост, а граѓаните од целата држава се вклучија во акциите за помош на настраданите.
Десет години подоцна, споменот на жртвите останува опомена дека ваква трагедија никогаш не смее да се повтори.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
