Времето и денеска, ќе биде слично како вчера: сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови повремено засилен ветер од северен правец, соопшти УХМР.
Температурата ќе биде за неколку степена повисока од вчерашната и достигне до 28 степени.
Во Скопје и околината слично време – променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец.

