Во населбата Ченто, Општина Гази Баба денеска е пуштен во употреба современиот Дом на културата „11 Октомври“, изграден пред 40 години како важен центар за културен живот на жителите од Ченто, Маџари и околните населби, но последните децении се распаѓаше пред нивните очи.
Реконструираниот објект е на површина од 1.000 квадратни метри и е реализиран како дел од капиталните инвестиции на Владата за поддршка на општините во областа на културата со вкупна вредност од 87.514.771 денар. Домот на културата е изграден во простор на три нивоа – со сцена, галерија, библиотека и современи услови за развој на уметноста и креативноста.
Со неговото повторно отворање, се очекува да се врати културниот живот во овој дел од Скопје. Ова се оценува како значаен чекор за локалната заедница и обновување на јавната инфраструктура.
