Денеска се празнува Свет Игнатиј Богоносец, верувањето меѓу македонските верници е дека тоа што ќе се прави на овој ден, ќе се прави многу често во Новата Година.
Игнатиј бил ученик на Светиот апостол Јован. Во времето на римскиот цар Трајан тој беше епископ во Антиохија, каде што многу се прославил во својата вера и учење, така што многумина го напуштаа збрканиот многубожен поглед на свет и го примаа Христијанството.
На едно свое пропатување, цар Трајан дојде во Антиохија. Пред него го изведоа овој славен епископ, а Трајан го осуди на смрт и го прати во Рим. Патувајќи за Рим, Игнатиј ги охрабруваше христијаните од градовите низ кои проаѓаше. Доста од тие негови зборови се зачуваа до денес во вид на посланија. Во Рим беше фрлен на ѕверовите и со крвта на своето сведоштво го запечати светиот живот.
