Поради планирани технички интервенции на електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат корисници во неколку скопски општини, информира Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК), повикувајќи се на известување од „ЕВН Македонија“.
Од 6:00 до 13:00 часот струја нема да имаат жителите на селото Мралино, бензинската пумпа „Дади компани“ во Мралино, како и делови од населбата Дрма во Општина Илинден.
Во периодот од 9:00 до 14:00 часот без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците во селото Нова Брезница во Општина Сопиште, како и објектите на улицата „Христо Татарчев“ бр. 49Г и околината кај поранешната фабрика „Црвена ѕвезда“ во Општина Кисела Вода.
Од 8:30 до 14:30 часот планиран прекин на електричната енергија ќе има и во делови од селото Инџиково во Општина Гази Баба.
