Пропадна последниот обид косовскиот парламент да избере нов претседател, откако на вчерашната седница присуствуваа само 64 пратеници од Движењето Самоопределување на премиерот Курти и нивните коалициски партнери.
За избор на претседател во првиот круг е потребно присуство и поддршка од најмалку 80 пратеници, поради што гласањето не беше успешно. Седницата беше прекината и најавено е нејзино продолжување денеска.
Опозициските партии ја бојкотираа седницата.
Според одлуката на Уставниот суд на Косово, доколку претседател не биде избран до 28 април, парламентот се распушта автоматски, а предвремените избори треба да се одржат во рок од 45 дена.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
