Делови од општините Сопиште и Ѓорче Петров денес ќе останат без електрична енергија поради планирани активности на електродистрибутивната мрежа, информираат од ЕВН.
Во Општина Сопиште, без струја ќе бидат корисниците во дел од селото Ракотинци, како и во месноста Црвена Прс.
Прекин во снабдувањето со електрична енергија е најавен и во Општина Ѓорче Петров. Без напојување ќе останат корисниците на улицата кај базата на „Еуробетон“, во близина на „ББФ Компани“, како и во реонот на Стенковец.
Од ЕВН посочуваат дека прекините се поради планирани зафати за одржување и унапредување на електродистрибутивната мрежа.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
