Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, денеска делови од Скопје ќе останат без електрична енергија, информира Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК).
Од 08:30 до 13:00 часот без струја ќе бидат корисниците во населбата Момин Поток, поточно на улицата „Калош Дани“, како и компаниите Стил Железо, Синтекс и Европа 92.
Од 09:00 до 13:00 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има во објектот на Основното училиште „Кочо Рацин“ во Петровец.
Од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе остане и главниот објект на ЈП „Паркови и зеленило“ во Општина Карпош.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
