Жителите на делови од општините Карпош и Центар денеска ќе се соочат со прекини во водоснабдувањето, а дел од Карпош привремено ќе остане и без електрична енергија.
Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека поради изведување водоводен приклучок на улица 2 број 2 во населбата Козле, без вода од 09:00 часот до завршување на работите ќе останат корисниците на улица 2 и дел од улицата „Козле“ во високата зона.
Во општина Центар, поради дефект на приклучна цевка на улицата „Мирче Ацев“, прекин во водоснабдувањето од 08:30 часот до завршување на санацијата ќе имаат дел од корисниците на улиците „Мирче Ацев“ и „Мирче Мацан“.
Од ЕВН Македонија, пак, соопштија дека поради поставување нов нисконапонски приклучок ќе има прекин на електричната енергија во дел од Карпош. Исклучувањето е планирано во периодот од 10:00 до 15:00 часот.
Надлежните апелираат граѓаните навреме да се подготват за најавените прекини и да го имаат предвид времетраењето на работите.
