Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска ќе има планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија во делови од општините Центар и Сопиште поради изведување закажани работи на електродистрибутивната мрежа.
Во периодот од 09:00 до 11:00 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците на улиците „Максим Горки“ и „Мито Хаџивасилев Јасмин“ во општина Центар.
Од 09:00 до 12:00 часот, прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има и во селата Горна Краста и Јаболци, на подрачјето на општина Сопиште.
Од ЕВН апелираат граѓаните навреме да ги планираат своите активности и да имаат разбирање за прекините, кои се дел од редовното одржување и подобрување на електродистрибутивната мрежа.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
