Поради два дефекти на водоводната мрежа, денеска без вода ќе останат повеќе делови од општина Центар, информираат од ЈП „Водовод и канализација“.
Поради дефект на приклучна цевка на улицата „Дана Стуцки“ број 18, од 9 часот без вода ќе бидат дел од булеварот „Гоце Делчев“, дел од Македонската телевизија и населбата Крњево.
Поради уличен дефект на улицата „Коле Неделковски“ број 5, од 8:30 часот без вода ќе биде потегот од Градски парк до Владата и од булеварот „Илинден“ до Градскиот стадион.
Во двата случаи водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности.
Од ЕВН Македонија, пак, информираат дека денеска од 9 до 14 часот без електрична енергија ќе останат дел од корисниците на улиците 11 и 1 во општина Илинден.
Во истиот период без струја ќе бидат и корисниците на улиците „Милан Зечар“, „Вангел Тодоровски“, „Пандил Шишков“ и „Руди Чајковец“ во општина Аеродром.
Граѓаните од засегнатите подрачја треба да ги имаат предвид најавените прекини при планирањето на дневните обврски.
