Синоќа до 21:00 часот, според информациите од Центарот за управување со кризи, на територија на цела Македонија нема активни пожари. Четири сe ставени под контрола, а 13 се изгаснати.
Под контрола се ставени пожарите кај депонијата Вардариште, кај повеќенаменското подрачје „Јасен“ (мешана шума), на планината Кожуф во општина Гевгелија и во село Никуштак во општина Липково.
Изгаснати пожари има во скопските општини Студеничани, Арачиново и Сарај и во општините Долнени, Струмица, Струга, Велес, Делчево, Куманово, Липково, Тетово и Гостивар.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
