Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»Чупеска: Министерството за правда ја саботира реформската агенда
    Политика

    Чупеска: Министерството за правда ја саботира реформската агенда

    25/06/20255 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Почитувани претставници на медиумите, репортесри, присутни, граѓани,

    Денес сме принудени гласно да алармираме за катастрофалниот застој на реформските процеси во нашата држава.

    Владата на ДПМНЕ, за жал, не претснува да демонстрира шокантна неподготвеност и целосно отсуство на свест за неопходноста од итно спроведување на реформска агенда, особено кога станува збор за судски реформи – од кои, како што знаеме сите , директно зависи квалитетот на нашиот живот. И, ова не само што го кочи секојдневното живеење, туку и директно ја компромитира нашата европска перспектива.

    Како одговорна опозиција, СДСМ пружи искрена рака за соработка и државнички понудивме конкретна помош и сериозна експертиза за реализација на државните приоритети поврзани со реформскиот процес.

    Тоа, беше потврдено и на лидерската средба на нашиот претседател со премиерот, во април.

    Но, денес, одговорно тврдам дека наидовме на непробоен ѕид!

    Сведочиме, имено на недозволив недостаток на одговорност и срамно отсуство на соработка од владините институции, и, особено, сакам да нагласам од Министерството за правда.

    Оваа, сметаме дека е злонамерна опструкција во однос на пакетот реформски закони, и станува бесрамно видливо.

    Работната група, која ја предводев по овластување од претседателот Филипче, исклучително и посветено работеше на законите.

    Но, ние се соочивме со перманентна нереспонзивност од Министерството за правда. Замислете, бевме упатени сами да ги обезбедуваме нацрт-законите од ЕНЕР, бидејќи Министерството одбиваше директна и суштинска соработка, односно размена на предлозите за кои постојано тврди дека ги разработува.

    Се прашуваме, дали воопшто постојат такви работни материјали ?

    И покрај ова неприфатливо и подмолно однесување, ние подготвивме и доставивме детални мислења и забелешки за јавно објавените предлози за закони, кои уредно ги архивиравме во Министерството.

    Како СДСМ, имаме суштински и многу сериозни забелешки за овие решенија.

    Денес накратко ќе ја информираме јавноста за нив, а нашите анализи ќе бидат објавени на нашиот веб-сајт за сите да може да ги видат и да ги консултираат.

    Нашите анализи откриваат шокантна реалност: непример Законот за Судскиот совет открива поразителна слика, затоа што од препораките на оценската мисијата, на пример, цели 8 остануваат неадресирани, додека 3 се само делумно имплементирани. Законот за Судски совет, почитувани присутни, ваков како што е ставен на ЕНЕР создава правен хаос, бидејќи текстот е полуготов, но, и целосно неусогласен со други релевантни закони. Со други зборови, ова решение што го ставиле на ЕНЕР, не е решение, туку е проблем, бидејќи изобилува со конфузија, како околу изборот на членови на Советот така и околу низа други секвенци.

    Сè уште постои проблемот со терминот „истакнат правник“ и покрај сугестиите од оценската мисија, а сито така посебно обскурна е сугестијата да се предлага „опозициско“ пополнување на места во советот, бидејќи со тоа де факто се признава дека останатите места ќе бидат веќе „политички договорени“. Ова е невидена хипокризија!

    Консеквентно, јасно е дека ова не е реформа, туку е фарса!

    Предложениот текст бара итни и суштински измени за да се постигне вистинска независност и кредибилитет на судството.

    Најапсурдното сепак е што Владата не покажува ни најмала волја да ја урамнотежи независноста во трите гранки на власта, туку го прави токму спротивното, со што директно го нарушува уставниот поредок. Токму поради овие нешта што претходно ги наведов, ние алармиравме во делегацијата на ЕУ, и детално го известивме и амбасадорот на ЕУ, г-дин Рокас.

    Наводните законски решенија, почитувани, изобилуваат со суштински пропусти кои ги загрозуваат темелните демократски принципи:

    Дозволете да дадам уште еден пример за хаосот кој имаат намера да го создатат, предлагаат воведување на „тест за јавен интерес“ во Законот за слободен пристап до информации, а ова решение се чини дека има намера за фактичко прикривање информации, имено, отвора врата за самоволие и цензура, наместо транспарентност.

    Кај Законот за прекршоците, несфатливо е како тоа не се предвидени доволно мерки за намалување на сообраќајните прекршоци, ниту пак системска работа со несовесните возачи. Предлагачот се фокусирал само на пенали, што е целосно неефикасно!

    Кај Законот за Јавното обвинителство, наместо да се заштити независноста на ЈО, се воведуваат решенија кои овозможуваат уште подиректно мешање на извршната власт. Дополнително, скратувањето на стажот за избор во повисоки позиции го сметаме за сериозен удар врз професионализмот, додека преопштите основи за разрешување на Јавниот обвинител разорно ја поткопуваат правната сигурност. Наместо да се зајакне улогата на Советот на ЈО како стручно тело и да се гарантира право на одбрана на Обвинителот, се нудат непринципиелни решенија.

    Да не должам многу, нашите детални анализи ќе ги објавиме на сајт.

    Почитувани граѓани, ова што ние го воочивме изискува сериозна јавна расправа, и нашиот претседател Венко Филипче, ќе ја иницира во својство на претседател на Националниот Совет за Евроинтеграции. Во меѓувреме, нашите анализи се јавно достапни на сајтот за цела јавност да може да ги види, а со тоа и сами ќе се уверите дека оваа Влада не е посветена на вистински реформи, туку нејзин фокус е контрола овозможена со популизам. И тука особена замерка имаме за Министерството за правда, кое како клучен ресор, одбива соработка, игнорира експертиза и систематски ја поткопува правната држава, а се занимава со сè само со реформи не.

    СДСМ нема да молчи! Напротив, ќе продолжиме жестоко да се бориме за вистински европски реформи, за независно судство и за држава во која владее правото, а не политичките пазарења!

    Прес конференција на СДСМ, Ана Чупеска, потпретседателка

    Поврзани вести:

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, Владата води дијалог со Бугарија

    Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, Владата води дијалог со Бугарија

    Партиски препукувања за бегството на Ива Михаилова во Бугарија

    Партиски препукувања за бегството на Ива Михаилова во Бугарија

    Собранието денеска на нова седница, Мицкоски и министрите на опозициски пратенички прашања

    Собранието денеска на нова седница, Мицкоски и министрите на опозициски пратенички прашања

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    16/10/2026

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    15/10/2026

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    15/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.