На повторениот тендер за набавка на електрични автобуси за јавниот превоз во Скопје и во други градови во државава аплицирале четири компании, информираше министерот за транспорт Александар Николоски.
-Обновениот тендер заврши во понеделникот, а понудите ги разгледува евалуациска комисија составена од експерти од Министерството за транспорт и од Машинскиот факултет. Кога ќе го добијам извештајот, ќе го споделам со јавноста – нагласи Николоски
Постапката за набавката беше повторена по поништувањето на претходниот тендер за 150 електрични автобуси и 75 станици за полнење.
Сто автобуси се предвидени за Скопје, а останатите 50 за други градови во државава.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
