Цената на суровата нафта на светските пазари утрово ја надмина границата од 100 долари за барел, за првпат во последните четири години.
Енергетскиот пазар е под силен притисок поради проблемите во транспортот низ Ормутскиот теснец. Низ оваа клучна поморска рута поминува 20 отсто од од глобалното снабдување со нафта и гас. Викендов само еден танкер поминал низ Ормускиот теснец, додека во нормални услови низ него дневно минуваат десетици бродови.
Аналитичарите предупредуваат дека цената на нафтата може да достигне и до 150 долари за барел доколку кризата не се смири до крајот на месецот.

