Царината во 2025 година поднело вкупно 213 кривични пријави против 443 физички и 160 правни лица. Притоа, во 196 случаи била утврдена штета врз Буџетот од 102 милиони денари.
Како што денеска соопштија од Царинската управа бројот на поднесени кривични пријави е зголемен за повеќе од двојно споредбено со 2024 година, кога беше поднесена 91 кривична пријава, при што најголем дел од поднесените кривични пријави, дури 80 проценти, биле евидентирани од октомври.
Најмногу се откривало шверц на дрога и оружје, а се поднеле и пријави за фалсификување исправа, за вршење меѓународен јавен превоз без поседување лиценца, како и избегнување плаќање акциза.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:







