Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Економија»Божиновска во Солун ќе го потпише меморандумот за Вертикалниот гасен коридор
    Screenshot
    Економија

    Божиновска во Солун ќе го потпише меморандумот за Вертикалниот гасен коридор

    03/09/20261 Min Прочитај
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска и утре престојува во Солун, каде што ќе учествува на самит и форум посветени на регионалната енергетска безбедност и соработка.

    Утре Божиновска ќе се обрати на 6. Метрополитен самит „Во пресрет на 2030 година: поврзаност и раст за Југоисточна Европа“, како и на јубилејниот 10. Форум за енергетика на Југоисточна Европа, каде што ќе го потпише Меморандумот за соработка со кој Македонија официјално ќе се приклучи кон Вертикалниот гасен коридор.

    Со потпишувањето на документот, земјава станува дел од една од најзначајните европски иницијативи за диверзификација на снабдувањето со природен гас и зајакнување на енергетската безбедност во Југоисточна, Централна и Источна Европа.

    Вертикалниот гасен коридор ќе биде една од главните теми на Метрополитен самитот, на кој ќе се разговара за геополитичките предизвици, инфраструктурното поврзување, регионалната економска соработка и зелената енергетска транзиција.

    Според организаторите, Југоисточна Европа и источниот Медитеран имаат сè поголемо стратешко значење за енергетската и безбедносната стабилност на Европа, особено во услови на глобални геополитички промени.

    На Форумот за енергетика ќе учествуваат министри, претставници на водечки енергетски компании, меѓународни институции, регулатори, експерти и инвеститори, кои ќе дискутираат за енергетската сигурност, обновливите извори на енергија и продлабочувањето на регионалната соработка.

    Поврзани вести:

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    Владата и Окта постигнаа договор: Дизелот поевтинува за два денари во испораките до трговците

    Владата и Окта постигнаа договор: Дизелот поевтинува за два денари во испораките до трговците

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    24/10/2026

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    22/10/2026

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    21/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.