Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Економија»Божиновска на првиот училишен ден во Велес: Енергетската иднина не се гради само со инвестиции и технологија, туку и со знаење и квалификувани кадри
    Економија

    Божиновска на првиот училишен ден во Велес: Енергетската иднина не се гради само со инвестиции и технологија, туку и со знаење и квалификувани кадри

    01/09/20263 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    По повод почетокот на новата учебна година, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска го посети ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ во Велес, каде што се сретна со директорот Горан Богоевски, наставниците и учениците и се запозна со наставниот процес, практичната обука и условите за образование.

    На првиот училишен ден, министерката им се обрати на учениците, посочувајќи дека стручното образование е една од клучните основи за идниот развој на државата и дека професионалните вештини ќе имаат сè поголемо значење во услови на забрзан технолошки и економски развој.

    „Нема мала или голема професија. Има професионалност, знаење и посветеност. На една модерна економија ѝ се потребни и инженери и техничари, и програмери и автомеханичари, и електричари и механичари, и мајстори и претприемачи. Затоа, драги ученици, ценете го знаењето што го стекнувате овде. Не учите само за оценка и не учите само за диплома – учите професија“, порача Божиновска.

    ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ има повеќе од 60 години традиција во стручното образование и денес е најголемото државно средно училиште во општина Велес, со околу 980 ученици. Во училиштето се реализира образование во машинската, електротехничката, сообраќајната и угостителско-туристичката струка, со повеќе образовни профили, меѓу кои машински техничари, автомеханичари, електротехничари, техничари за компјутерска техника и автоматика, техничари за индустриска мехатроника, техничари за транспорт и шпедиција, готвачи и келнери.

    Особено значење за Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини има образовниот профил електротехничар-енергетичар, кој директно се поврзува со потребите на енергетскиот сектор.

    „Енергетскиот сектор денес е во период на големи промени. Македонија гради нов енергетски систем, вложува во обновливи извори, во соларни и ветерни електрани, во модернизација на мрежата, во складирање енергија и во нови технологии. Но, ниту една електрана, ниту една мрежа и ниту една нова технологија не може да функционира без квалитетни луѓе“, истакна министерката.

    Таа нагласи дека во иднина ќе има сè поголема потреба од кадри кои ќе знаат да работат со паметни мрежи, батериски системи, автоматизирани постројки, дигитални системи и нови енергетски технологии.

    „Кога денес зборуваме за енергетската иднина на Македонија, не зборуваме само за мегавати, електрани, далноводи и инвестиции. Зборуваме и за вас. Енергетската транзиција не е само технолошка промена. Таа е и промена во знаењето, во вештините и во начинот на кој работиме“, порача Божиновска пред учениците.

    Во рамки на посетата, министерката разговараше со директорот Горан Богоевски и за можностите за продлабочување на соработката меѓу Министерството и училиштето, особено во делот на практичната настава и поврзувањето на образованието со реалните потреби на енергетскиот сектор.

    Беше разгледана и иницијативата за воспоставување поинтензивна институционална соработка, со цел унапредување на образовните процеси, размена на знаења и искуства и создавање дополнителни можности за учениците да стекнат практични знаења и искуства релевантни за енергетиката и индустријата.

    „Енергетската транзиција нема да ја направат само инвестициите и технологијата. Ќе ја направат и луѓето со знаење и вештини. Затоа како Министерство сакаме уште посилно да ја поврзуваме енергетиката со образованието, со компаниите и со младите“, истакна Божиновска.

    На почетокот на новата учебна година, министерката им порача на учениците да бидат љубопитни, да не се плашат од технологијата и промените и постојано да инвестираат во сопственото знаење.

    „Не размислувајте само каде ќе најдете работа. Размислувајте каде можете да создадете вредност. Не плашете се од технологијата – научете ја. Не плашете се од промените – бидете тие што ќе ги носат.“

    Министерката Божиновска на учениците, наставниците и родителите им посака успешна нова учебна година, со многу знаење, успех и храброст за остварување на своите цели.

    „Македонија има потреба од вашата енергија, вашите идеи и вашите вештини.“

    Поврзани вести:

    Божиновска: Македонија официјално се приклучи кон Вертикалниот гасен коридор, отвораме ново поглавје во енергетската сигурност

    Божиновска: Македонија официјално се приклучи кон Вертикалниот гасен коридор, отвораме ново поглавје во енергетската сигурност

    Неделен преглед на Македонската берза: промет од 54,16 милиони денари, најтргувани акциите на Комерцијална банка

    Неделен преглед на Македонската берза: промет од 54,16 милиони денари, најтргувани акциите на Комерцијална банка

    Божиновска: Регионалната поврзаност и инвестициите се клучни за енергетската безбедност

    Божиновска: Регионалната поврзаност и инвестициите се клучни за енергетската безбедност

    Од утре целосно се отвора мостот на Маркова Река

    Од утре целосно се отвора мостот на Маркова Река

    Божиновска во Солун ќе го потпише меморандумот за Вертикалниот гасен коридор

    Божиновска во Солун ќе го потпише меморандумот за Вертикалниот гасен коридор

    Македонската берза речиси без промена: МБИ10 намален за 0,10 поени, најтргувани акциите на Алкалоид

    Македонската берза речиси без промена: МБИ10 намален за 0,10 поени, најтргувани акциите на Алкалоид

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Божиновска: Македонија официјално се приклучи кон Вертикалниот гасен коридор, отвораме ново поглавје во енергетската сигурност

    06/09/2026

    Неделен преглед на Македонската берза: промет од 54,16 милиони денари, најтргувани акциите на Комерцијална банка

    06/09/2026

    Божиновска: Регионалната поврзаност и инвестициите се клучни за енергетската безбедност

    05/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.