Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Home » Болницата во Прилеп доби донација од 16.000 евра за ортопедското одделение
    Политика

    Болницата во Прилеп доби донација од 16.000 евра за ортопедското одделение

    22/07/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Ортопедското одделение при прилепската општа болница доби нов ехо апарат за рано откривање на развојно нарушување на колковите кај доенчињата. Апаратот кој е нов, неупотребуван е донација на шведската хуманитарна организација „Хабтихант“ и е во вредност од 15 800 евра.

    -Идејата и љубовта за Прилеп и да помогнеме се многу големи. Апаратот може да се надградува. Пресудно беше што директорот рече дека апаратот е за деца и да им се помогне, изјави Марија Русенгрен, претседател на хуманитарната организација „Хантихант“ од Шведска.

    Со претходниот апарат, исто донација од Јапонија, досега се работело 32 години кога почнал со работа и кабинетот за детска ортопедија, а методата за скрининг на колкови кај доенчиња во прилепската болница е воведена уште од 1989 година од примариус д-р Трајче Бошкоски.

    -Сега нашите доктори ќе продолжат со работа со овој нов, современ апарат. Досегашниот иако е во функција, но е со слаба резолуција и многу користен. Донацијата е прекупотребна и благодарноста е огромна, рече на денешната прес- конференција за донацијата директорот на прилепската болница Кире Јоноски.

    Со апаратот ќе се пружа здравствена заштита и на жителите од соседните општини преку закажан термин.

    Во последните три години се реализирани вкупно 3525 ехо прегледи на колкови кај доенчиња. Во просек, се прават по 100 прегледи месечно.

    -Добредојден е новиот ехо-апарат за скрининг на колковите кај доенчињата. Како метод што го користиме сме пионери во државава. Методот е безбеден, нештетен и се надеваме со дополнителна обука да им ги пренесеме знаењата и искуствата на специјализантите, идните ортопеди на одделението, рече д-р Василе Василески, раководител на ортопедско-трауматолошкото одделение во прилепската болница.

    Организацијата „Хантихант“ од Шведска во Прилеп досега има донации во вредност од околу 700 000 евра, во болницата и во други установи.

    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    „Пржинската“ влада ќе замине во историјата, Собранието ја усвои потребата од измена на Законот

    22/04/2026

    ВРЕДИ: Груби е црната кутија што држи во заложништво функционери од ДУИ

    22/04/2026

    Дали во СДСМ нешто не штима во односот лидер – градоначалници?

    22/04/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
      Прва Скопска ТВ
      Facebook Instagram YouTube
      • За нас
      • Импресум
      • Контакт
      • Програмска шема
      © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

      Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.