Иран соопшти дека стратегијата на затворање на Ормускиот Теснец ќе продолжи и наредните денови, истакнувајќи дека споменатиот план е во согласност со упатствата на новиот ајатолах, Моџтаба Хамнеи. Во својата прва изјава по изборот, новиот ајатолах рече дека Ормускиот Теснец мора да остане затворен додека траат американско-израелските напади.
Од друга страна во САД има најави дека ќе испрати воени бродови во теснецот кои ќе ги штитат танкерите полни со нафта. Воедно како што соопштија ги потопуваат иранските бродови во тој дел од морето и може и да го треземат теснецот. Во меѓувреме таму горат неколку танкери полни со сирова нафта.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
