Делови од Скопје денеска ќе останат без водоснабдување и електрична енергија поради дефекти на водоводната мрежа и планирани работи на електродистрибутивната мрежа. Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека без вода ќе бидат корисниците на улицата „Ванчо Мицков“ во Карпош, делови од улиците „Рајко Жинзифов“, „Владимир Полежиновски“, „Стефан Јакимов-Дедов“ и „Борка Талевски“ во Центар, како и жителите на селото Морани во Општина Студеничани. Прекините ќе траат од 8 или 9 часот, во зависност од локацијата, сè до отстранување на дефектите.
Од ЕВН Македонија, пак, соопштија дека од 6 до 10 часот без струја ќе бидат Колонија, Идризово и дел од Јурумлери во Општина Гази Баба. Од 8:30 до 12:30 часот електрична енергија нема да има во селата Љуботен, Љубанци, Раштак и дел од Булачани во општините Бутел и Гази Баба.
Од надлежните апелираат граѓаните да ги планираат своите активности согласно најавените прекини.
