Корисниците од скопското село Батинци денеска ќе имаат прекин во водоснабдувањето поради уличен дефект, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
Како што соопштија од претпријатието, прекинот е поради уличен дефект на водоводната мрежа на улицата „Пат за Батинци“.
„Ве известуваме дека на ден 26.08.2026 година, поради уличен дефект ф-2“ на ул. „Пат за Батинци“, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Батинци“, стои во известувањето на „Водовод и канализација“ – Скопје.
Санацијата на дефектот ќе започне во 09:00 часот, а прекинот во снабдувањето со вода ќе трае до завршување на работите на терен.
Од претпријатието апелираат граѓаните да имаат разбирање додека траат интервенциите и да го имаат предвид времетраењето на прекинот.
