Цената на бензинот останува иста, додека дизел горивото во Македонија поскапува за 3,5 денари. Ова го соопштија денеска од Регулаторната комисија за енергетика.
Па така, највисоките малопродажни цени на ЕУРОСУПЕР БС – 95 остануваат на 86,50 денари за литар, а за ЕУРОДИЗЕЛ БС се зголемува на 95,50 денари за литар.
Одлука за определување на малопродажните цени на нафтените деривати е со вклучена повластена стапка на додадена вредност од 10%.
Новите цени ќе важат од вечерва на полноќ.
Инаку, Регулаторната комисија го измени Правилникот за формирање на највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и повеќе нема да важи практиката цените на горивата да се утврдуваат исклучиво во понеделник. Наместо тоа, РКЕ ќе може да одржува вонредни седници во текот на неделата и да интервенира доколку има значајни промени на светските пазари или во девизниот курс на доларот.
