Азир Алиу избран за нов министер за здравство, тој попладнево ја доби поддршката од 65 пратеници и од утре го презема ресорот здравство.
Со 65 гласа за и 15 против пратениците во собранието го избраа Азир Алиу за нов министер за здравство, и Албрим Хоџа како нов заменик-министер за земјоделство.
На ова претходеше собраниска дебата на која избирот на Алиу за министер за здравство од опозицијата беше критикуван и посочен како некомпетентен за ресорот здраство, додека пак од страна на премиерот Мицкоски беше образложено дека за модернизација и менаџирање на здравството тој е најдобриот избор и дека ќе има силна подршка од него на оваа функција а заменик министерто за земјоделство го познавал теренот.
Изборот на нов министер за здравство и заменик министер за земјдоелство доаѓа откако на 12 ти мај лидерот на Алијанса на Албанците и претходен министер за здравство Арбен Таравари соопшти дека партијата заминува од Владината коалицијата и оди во опозиција, а од дотогашните негови сопартијци токму Алиу остана со Вреди. Инаку Алиу беше министер за информатичко општество и администрација во 2023 и 2024, во владата на предводена од Димитар Ковачевски за време на власта на СДСМ и ДУИ.

