Македонскиот тенисер Калин Ивановски не успеа да ја освои титулата на ИТФ М25 турнирот во Загреб, откако во финалето загуби од Узбекистанецот Кумојун Султанов со 2-0 во сетови (6-4, 6-4). Натпреварот траеше еден час и 48 минути, а Султанов во двата сета направи по еден клучен брејк што се покажа пресуден за победата.
Ивановски одигра квалитетен турнир и со серија убедливи победи избори пласман во финалето. Иако остана без трофејот, настапот во Загреб ќе му донесе значајни АТП бодови и напредок на светската ранг-листа. Добрата форма е охрабрување за македонскиот тенисер во пресрет на следните турнири.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
