Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, преку емотивна објава на својата официјална Фејсбук страница, упати критика за состојбата со хигиената и општата слика на општината, изразувајќи незадоволство и грижа за секојдневието на жителите. -Ќе бидам искрен – срам ми е како изгледа Карпош овие денови, напиша Јакимовски, посочувајќи на преполните контејнери, расфрланиот смет и запуштеноста со која се соочуваат граѓаните. Тој додаде дека го боли фактот што луѓе кои чесно ги плаќаат своите давачки не добиваат соодветна услуга и услови за живеење, нагласувајќи дека дел од проблемите се надвор од општинските надлежности. -Не ми е лесно ни мене како градоначалник…
Автор: K.
Православните христијани денеска ја одбележуваат Задушница во знак на сеќавање на починатите, а утре ја празнуваат Педесетница – Слегување на Светиот Дух (Духовден). Црквата пропишала посебни денови – задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат за покој на душите на починатите. Задушница е секогаш в сабота, ден што црквата го одредила за помен и молитва за упокоените. На Задушница се оди во црква каде што се служи литургија и парастос. На овој ден се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите. На Задушница верните им даваат милостина на сиромашните…