Автор: K.

Собранието ја усвои одлуката за избор на нови членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ). Станува збор за Цветанка Миновска, Гордана Мајнова, Виктор Павловски, Сашо Стефановски, Петар Џуровски, Афрона Врзиволи и Зиријета Јајага. За усвојување на оваа одлука, беше потребно двотретинско мнозинство, па така, за истата гласале 95 пратеници, од кои 90 за и 5 против.

Прочитај Повеќе

Денешното рочиште со кое требаше да почне судскиот процес против Зоран Јованов, таткото на Васил Јованов, кој смртно ја прегази Фросина Кулакова, се одложи. Причината беше што во судницата не беше присутен обвинетиот Зоран Јованов и неговиот адвокат Сашо Дуковски. Како што појасни судијката Снежана Марковска, судот направил два обиди да му ја достави на обвинетиот поканата за рочиштето заедно со обвинителниот акт, но поканата се вратила како неуредна достава, односно не можеле да го најдат на адресата што ја имаат во судот. По ова било известено Министерството за внатрешни работи за да потврди дека нема промени во адресата на…

Прочитај Повеќе

Сликите на пеплосан пејзаж најдобро го опишува пожарот во Марушиќи, Мимице и Писак кај Омиш, кој избувна по вторпат за два дена, а сега, конечно, според главниот командант на окружната противпожарна служба Иван Ковачевиќ, е под контрола на пожарникарите. –Моментално ситуацијата на местото на пожарот е под контрола на пожарникарите, но се очекува силна бура во ова подрачје. Сигурно ќе има повторно разгорување на жариштата, па затоа ќе се бориме со ова континуирано и ќе бидеме физички присутни на теренот. Затоа и воздухопловните сили перманентно го натопуваат критичниот терен. Од вчера на терен има 150 пожарникари со 50 возила, рече…

Прочитај Повеќе

Согласно Одлуката на Претседателството на политичката партија Македонски Концепт од вчера, денес остварена е официјална средба помеѓу претседателот д-р Петар Богојески и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Христијан Мицкоски. Како што информират од партијата на средбата биле константирани неколку точки. -Прво, потврдена е добрата соработката во рамки на Коалицијата “Твоја Македонија”. Второ, дадена е позитивна оценка за досегашното функционирање на Владата на Коалицијата со назнака за дополнителен фокус во одредени подрачја од политичките приоритети. Трето, договорен е заеднички настап на следните Локални избори 2025 година, при што споделено е убедување во голема победа. Четврто, договорена е прераспределба на позиции и институции…

Прочитај Повеќе

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, заедно со вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ и министерката за образование и наука Весна Јаневска учествуваше на денешната панел-дискусија „Ги градиме темелите на промените. За твоето време кое доаѓа“, организирана по повод една година од работата на Владата. Министерството за локална самоуправа со години било ставено во сенка – без јасна улога и без вистинска поддршка, истакна Перински, но Владата одлучила да ја врати неговата суштинска мисија, тоа да биде мост помеѓу централната власт и општините и клучен двигател на рамномерниот регионален развој. Во своето обраќање, министерот Перински посочи дека…

Прочитај Повеќе

Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на Европскиот парламент денеска го усвои Извештајот за напредокот на Северна Македонија за 2023 и 2024 година, подготвен од австрискиот европратеник и известувач за земјава, Томас Вајц. Извештајот беше изгласан со широко политичко мнозинство, а Вајц во својата изјава изрази задоволство од постигнатиот консензус. „Горд сум на целата напорна работа што беше вложена во наоѓањето компромиси за да можеме да донесеме добро избалансиран извештај. Северна Македонија припаѓа во ЕУ. По 20 години преговори, мора да го задржиме моментумот и да го унапредиме процесот на проширување“, порача Вајц преку соопштение од прес-службата на Европскиот парламент. Претходно,…

Прочитај Повеќе

Доналд Трамп објави дека договорил примирје помеѓу Израел и Иран, кое веќе стапило во сила и ги замоли двете страни да не го кршат. -Примирјето сега е во сила, ве молам да не го кршите, напиша Трамп на својата социјална мрежа. Кога Трамп утрово објави целосен прекин на огнот за да се стави крај на 12-дневната војна, тој сугерираше дека Израел и Иран ќе имаат време да ги завршат мисиите што беа во тек. Израел кажа дека Иран лансирал неколку серии проектили, при што загинале најмалку четворица луѓе во јужниот град Бершева. Иранските медиуми објавија дека Иран ги испукал своите…

Прочитај Повеќе

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната дневна температура се очекува да достигне до 38 Целзиусови степени во јужните делови од државата. Во Скопје, сончево и топло со слаб ветер од северен правец и максимална температура до 37 Цезиусови степени. И за утре временската прогноза е сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност и денвни температури до 39 Целзиусови степени.

Прочитај Повеќе

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија утринава во 5 часот и 04 минути регистрира земјотрес со епицентар во Република Албанија, на околу 158 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML4.5. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван во југозападните делови на земјава со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Прочитај Повеќе