Доживотна казна затвор им беше изречена денеска на обвинетите Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој се товареше дека давал информации за движењето на неговата ќерка, е ослободен од обвинение. По образложување на делата за кои се товарат и настаните од грабнувањата и убиствата на Вања и Панче, судијата Ивица Стефановски изрече единствена казна доживотен затвор за Манев, Видевски, Кешишев и Палевски, додека, за таткото на Вања посочи дека се ослободува од обвинение. – Судот на обвинетите Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и…
Автор: K.
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава во 3 часот и 59 минути регистрира земјотрес чии епицентар потекнува од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, 115 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.4. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени. Под влијание на топла воздушна маса од југ од утре до петок времето ќе биде многу топло. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа се очекува да надмине и 40°C. Вредноста на UV индексот…
Собранието денеска ги усвои измените на Законот за Царинската тарифа, со што се врши намалување на царинските стапки за 67 стоки, претежно суровини и репроматеријали што се користат во домашната индустрија. Истовремено, се укинуваат царинските давачки за увоз на стоки со потекло од Соединетите Американски Држави. Министерството за финансии во соопштение посочува дека измените се дел од реализацијата на Програмата за работа на Владата 2024–2028, која предвидува постепена хармонизација на царинските стапки со оние што важат во Европската унија, прилагодено на економските потреби на македонското стопанство. Потсетува дека законот е подготвен во консултација со стопанските комори и истакнува дека претставува…
Две претстави и пијано рецитал вечерва на „Скопско лето“. Повеќе детали во прилогот на Прва Скопска ТВ:
Започнува седмото издание на филмската ревија „Златна рамка“. Повеќе детали во прилогот на Прва Скопска ТВ:
Концерт на Роџер Санчез во „Расадник“. Повеќе детали во прилогот на Прва Скопска ТВ:
Бутел викендов беше домаќин на голем број моторџии. Повеќе детали во прилогот на Прва Скопска ТВ:
Ѓорче Петров и Спорт Соушл Солушнс заедно ќе организираат спортски младински настани. Повеќе детали во прилогот на Прва Скопска ТВ:
Се поставува фекална канализација во Кадино. Повеќе детали во прилогот на Прва Скопска ТВ: