Министерството за економија и труд ја известува јавноста дека согласно усвоената Информација за спроведување на мерки од Фаза 3 на Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението (2025 – 2030), активно ги координира и имплементира препораките за заштита на работниците и подобрување на работните услови во летниот период. Во услови на екстремни топлотни бранови, Министерството ги повикува сите работодавачи во јавниот и приватниот сектор да ги применуваат следните мерки: -Одложување на работните активности во најтоплите часови од денот, од 11 до 17 часот, особено за работници кои се изложени на директна топлина; Воспоставување можности…
Автор: K.
Во Кривичниот суд во Скопје ќе им се суди на 34-та обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Ова е одлуката на Врховниот суд откако кочанскиот суд се иззема. -Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија, денес на 25 јуни 2025 годинa донесе Решение КР-35/25, со кое за стварно и месно надлежен суд за постапување по предметот КООА.бр.13/25 на Основен суд Кочани, оформен во врска со пожарот кој се случи на 16 март 2025 година во дискотеката „Пулс“, го определи Основниот кривичен суд Скопје, велат од Врховниот суд. Нема судии во Кочани за евентуално судење…
На 5 јули годинава се очекува официјално да биде пуштен во употреба системот со едно застанување на границата со Република Србија, најави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и посочи дека во моментот тоа е најфреквентниот граничен премин, што ќе придонесе за олеснување на протокот на патници. Во рамки на вчерашниот ден помина завршната ратификација на договорот што претходно го потпишавме со мојот српски колега Ивица Дачиќ. Се надевам дека на 5 јули ќе имаме официјално пуштање во функција на овој систем со Србија. Во тек е фазата на тестирање на системот, рече тој при денешната посета на Комисијата…
По денешната ослободителна пресуда за обвинетиот Александар Ѓорчевски, неговиот бранител, адвокат Владимир Туфегџиќ јавно ја критикуваше истрагата, велејќи дека институциите не одговориле на суштинските прашања поврзани со случајот, киднапирањето и убиството на Вања Ѓорчевска. – Денеска судот донесе законита одлука, меѓутоа оваа одлука е по своја суштина празна затоа што не ги добивме одговорите на клучните прашања, зошто е киднапирано и убиено ова дете, зошто по секоја цена се инсистираше Александар да биде дел од оваа постапка, иако од првиот момент се знаеше дека за него нема ниту еден доказ, изјави Туфегџиќ по објавата на пресудата. Тој посочи дека јавноста…
Реализирани се 11 проекти за 11 месеци на Клиниката за детски болести во Скопје, беше кажано на денешната презентација на завршените проектни активности, на која присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, министерот за здравство Азир Алиу, директорот на клиниката Реџеп Мемеди и директорот на ФЗО Сашо Клековски. Директорот Мемеди појасни дека се работи за значајни проекти, од кои дел се инфраструктурни и еден дел се набавка на современа медицинска апаратура, со кои значително ќе се унапредува квалитетот на здравствените услуги и ќе се подобри медицинска грижа за најмладите и најмалите пациенти. -Овие проекти всушност се решенија на многуте проблеми и недостатоци, кои…
Јавното претпријатие ЛАЈКА алармира за сериозен пораст на случаи на напуштање на домашни кучиња во околината на градските гробишта Бутел. Во последниот период, нашите теренски служби и граѓански пријави укажуваат на континуирано напуштање на кучиња од страна на неодговорни сопственици, кои од различни делови на градот ги доведуваат животните на оваа локација и ги оставаат. Оваа појава, покрај тоа што претставува суровост кон животните, сериозно го нарушува и јавното здравје, безбедноста на граѓаните, како и функционирањето на објектите од јавен интерес на таа територија. Напуштените кучиња, често нестерилизирани, се размножуваат, гравитираат низ поширокото градско подрачје и го усложнуваат предизвикот на…
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани денеска имаше средба со ректорот на Меѓународниот Балкански Универзитет, проф. д-р Лутфи Сунар, на која беше потпишан Меморандум за разбирање со цел институционално зајакнување на соработката во контекст на европските интеграциски процеси на Република Северна Македонија. На средбата со професорите од овој Универзитет, министерот Муртезани истакна дека ваквиот вид на институционално партнерство е од суштинско значење за успешно спроведување на европската реформска агенда, овозможувајќи интеграција на академското знаење во јавните политики и создавајќи силна база за ефикасна имплементација на европските стандарди и вредности во нашето општество. Со овој Меморандум, Министерството за европски прашања и…
Почитувани претставници на медиумите, репортесри, присутни, граѓани, Денес сме принудени гласно да алармираме за катастрофалниот застој на реформските процеси во нашата држава. Владата на ДПМНЕ, за жал, не претснува да демонстрира шокантна неподготвеност и целосно отсуство на свест за неопходноста од итно спроведување на реформска агенда, особено кога станува збор за судски реформи – од кои, како што знаеме сите , директно зависи квалитетот на нашиот живот. И, ова не само што го кочи секојдневното живеење, туку и директно ја компромитира нашата европска перспектива. Како одговорна опозиција, СДСМ пружи искрена рака за соработка и државнички понудивме конкретна помош и сериозна…
Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова деновиве е во работна посета на Хаг, односно ја предводи државната делегација на Самитот на НАТО во Хаг. Таа исто така, присуствуваше на свечениот прием организиран од Неговото Височество Вилем-Александар, крал на Холандија и Нејзиното Височество кралицата Максима, кој се одржува токму во пресрет на Состанокот на Северноатлантскиот совет во Хаг. На една од фотографиите што беше споделена не нејзиниот Фејсбук профил, може да се забележи дека на свечениот прием, до неа седи украинскиот претседател, Володимир Зеленски, а на соседната маса се наоѓа претседателот на САД, Доналд Трамп.
Обвинителката Ана Стојковиќ Димитриевска најави жалба на ослободителната пресуда за Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања Ѓорчевска, кој беше обвинет дека дал информации што довеле до нејзиното киднапирање. Таа истакна дека иако немале докази „во форма каква што би посакале“, обвинителството смета дека изјавите на обвинетите се доволни како доказен материјал. –Кога станува збор за Александар Ѓорчевски, и покрај тоа што судот не ги образложи своите ставови, за нас е очигледно дека само родителите знаеле дека девојчето тој ден ќе оди само во училиште. Двајца од обвинетите сведочеа дека токму таткото ја споделил таа информација, преку Палевски. Без таа информација,…