Автор: K.

Управата за хидрометеорологија (УХМР) за денес прогнозира претежно сончево време со умерен до засилен ветер од северен правец, кој наместа ќе достигнува брзина од 60км/ч. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 36 степени. Во Скопје, сончево со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 35 степени. Од понеделник следува период на стабилно и потопло време со постепен пораст на дневнaтa температура.

Прочитај Повеќе

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава во 5 часот и 54 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Валандово, 120 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.3. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Валандово и околината со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Прочитај Повеќе

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски од лице место потврди дека по десет години, се довршува фасада на зграда на улица Желево. Истата е започната пред 10 години, но тендерот го добил фирма која не го исполнила својот дел од договорот. Како што потврди и самиот градоначалник, поради тоа е раскинат договорот и активирана банкарска гаранција, но како што вели, Судот пресудил во корист на фирмата, која не сакала да ја доврши фасадата на зградата. -Оваа фасада после 10 години ја довршуваме, овој дел ќе чини 2 милиони и 485 илјади денари. Ја извршува фирмата Алегна и очекуваме да биде…

Прочитај Повеќе

На 27.06.2025 околу 15 часот во Полициската станица Пехчево е пријавено дека во ходник од објект на Центарот за социјални работи во Пехчево, по претходна расправија поради недоразбирања во врска со нивната малолетна ќерка, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу В.Т.(27) од Гевгелија и В.П.Н.(23) од Пехчево. При тоа, според пријавеното, В.Т. ја турнал В.П.Н. во прозорецот, при што В.П.Н. паднала во дворот на објектот. На В.П.Н. и е укажана лекарска помош од Итната медицинска помош-Пехчево, а В.Т. е приведен во полициска станица. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Прочитај Повеќе

Управата за јавни приходи ја информира јавноста дека мобилната апликација„МојДДВ“ во моментов работи со прекини. Тимот на УЈП интензивно работи на отстранување на проблемот, со цел апликацијата да биде целосно функционална. „Ги информираме корисниците дека, согласно член 6 од Законот за враќање на дел од износот на ДДВ на физичките лица, фискалните сметки можат да се скенираатво рок од 10 дена од датумот на нивното издавање.“, информираат од УЈП. Тоа значи дека сите сметки, кои се во рамки на овој рок, ќе можат да бидат скенирани веднаш штом апликацијата повторно биде ставена во функција. „Тимот на Управата за јавни приходи…

Прочитај Повеќе

Претседателот на Движењето ЗНАМ – за наша Македонија и актуелен градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски денеска изјави дека го поддржува предлогот на премиерот Христијан Мицкоски за електронски попис на населението. Премиерот Христијан Мицкоски во четврокот одговарајќи на собраниската седница посветена на пратенички прашања предложи идната година да се спроведе вонреден електронски попис на населението, но го услови тоа со прифаќање на една изборна единица „веднаш“. – Првенствено Македонија за да гради перспективна иднина, треба да има своја стратегија. За истата стратегија да се изгради првенствено треба да располага со реалните и точни бројки со што располага, почнувајќи од население, ресурси…

Прочитај Повеќе

Прес конференција на Валентин Манасиевски, ВМРО-ДПМНЕ: Во првите 12 месеци од работењето на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ги постави темелите на вистинскиот развој во земјоделството преку навремени и редовни исплати на субвенциите, подобрени откупни цени и услови, реформи и силна поддршка за земјоделците, преку најавени мерки за зголемување на земјоделството кај младите. До пред само една година главни вести беа протести пред Влада, протести на регионалните и локалните патишта, кога заради ниските откупни цени се фрлаше храна на депонии. Каналите кои требаше да служат за наводнување беа руинирани и неисчистени, субвенциите доцнеа и имаше…

Прочитај Повеќе

„Лидл“ организира настан за развој, извоз и сертификацијата на домашно земјоделско производство. Повеќе детали во прилогот на Прва Скопска ТВ:

Прочитај Повеќе