Автор: K.

Мицкоски: Прво изградба на болниците во Штип и Кичево, па потоа ќе се гради скопскиот Клинички центар. Повеќе детали во прилогот на Прва Скопска ТВ:

Прочитај Повеќе

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 денари за литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. „Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,4 денари, а малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менуваат. Од вечерва, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат – моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 77,5 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 79,5 денари, дизел гориво 70,5 денари и масло за горење 72 денари.

Прочитај Повеќе

Без вода денеска од 09:00 часот ќе бидат корисниците од населбата Трубарево во Општина Гази Баба. Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради водоводен приклучок од Ф -80мм на ул.„30“ во Трубарево. Водоснабдувањето во овие населени места ќе биде прекинато до завршување со работните активности.

Прочитај Повеќе

Во Центарот за поддршка на социјалните претпријатија денеска ќе се одржи настан по повод промоција на видео материјали од комуникациската стратегија и кампањата „Има живот без насилство“, фокусирана на подигнување на јавната свест за родово базирано насилство врз жените. Настанот е во организација на Министерството за социјална политика, демографија и млади во соработка со Канцеларијата на УНФПА и финансиска поддршка од Британската Амбасада. Како што информираат организаторите, на настанот ќе се обратат Фатмир Лимани, министер за социјална политика, демографија и млади; Даниел Филер, заменик амбасадор на Обединетото Кралство во Северна Македонија и Афродита Шаља, шефица на Канцеларијата на Фондот за…

Прочитај Повеќе

Колумна на Никола Тасев   Една година од новата влада на ВМРО-ДПМНЕ… десетина дена по медиумите се врти темава. И премиерот и министрите растрчани по телевизии, прес – конференции и трибини, објаснуваат што направиле, што ќе направат во иднина. Новинари и експерти анализираат во дебати и соочувања по медиуми. И опозицијата гледам прилично е активна, па и таа на партиска трибина ја „прослави” годишнината од новата влада. Тимот на Филипче реди ли реди критики. Ама досега никој не направи пресек и анализа на темата „една година опозиција на СДСМ”. А потребно е да се разгледа и тоа прашање, оти на Македонија и е потребна и квалитетна опозиција. Се навикна ли…

Прочитај Повеќе

Полуматурантите кои на првото пријавување во јуни пред десет дена не се запишаа во средно образование за учебната 2025/2026, ќе имаат втора можност за упис на второто електронско пријавување овој месец – в понеделник, 30 јуни. Потребната документација до училиштата ќе се доставува наредниот ден (1 јули), а ранг-листата на запишани ученици ќе биде објавена на 2 јули до 12 часот. Според податоците на Министерството за образование и наука собрани од училиштата, за второто јунско пријавување има слободни 16 034 места за упис на ученици – 10 758 за настава на македонски јазик, 4781 на албански наставен јазик, 474 на…

Прочитај Повеќе

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала, умерена локална облачност. Попладне и во вечерните часови ќе има појава на нестабилност во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, грмежи и појава на град, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). -Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22 степени, а максималната од 32 до 40 степени, се вели во прогнозата на УХМР. Во Скопје ќе биде сончево и топло, а попладне и во вечерните часови во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, краткотрајно во форма на невреме. -Минималната…

Прочитај Повеќе