Автор: K.

Арсовска објави дека во Обвинителството почнала постапка по пријавите за фалсификати во Чаир. Повеќе детали во прилогот на Прва Скопска ТВ:

Прочитај Повеќе

Од денеска се пушта за сообраќај експресниот пат делница Фариш – Дреново, како дел од експресниот пат Градско – Фариш. Инвестицијата е вредна 44, 7 милиони евра и како што истакна вицепремиерот Николоски, ова била втората најтешка делница за работа, после автопатот Кичево-Охрид. Од денеска жителите на цела Пелагонија, Тиквешкиот регион и сите други граѓани ќе можат да возат по побезбеден, поквалитетен и побрз патен правец. Во продолжение интегралното обраќање на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски: -Навистина е големо задоволството што во ова лето, граѓаните од Тиквешкиот регион, од Прилеп, Битола, Ресен, Могила, Новаци, Кривогаштани и оние што…

Прочитај Повеќе

Од ЦУК известуваат за состојбата со пожарите на отворен простор до 13:00 часот. РЦУК – Скопје, известува дека пожарот на дивата депонија во Визбегово е изгаснат. Исто така БППЗ на Град Скопје имала и една интервенција поради запалена сува трева на ул.Малешевска во нас.Драчево (Општина Кисела Вода). Од 112 добиена е пријава за пожар на сува трева во близина на авто плац ЕНЗО на булевар Босна и Херцеговина. Известени се БППЗ на Град Скопје. Од 112 добиена е пријава за пожар во Долно Лисиче, м.в.Чаталот (Општина Аеродром). Известени се БППЗ на Град Скопје РЦУК – Битола, известува дека пожарот кој…

Прочитај Повеќе

На 29.06.2025 во 15.50 часот на патот Гостивар- Тетово полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Б.Ш.(52) од с.Топлица, гостиварско. При контрола на патниот сообраќај, било констатирано дека Б.Ш. управувал патничко моторно возило „голф“ со гостиварски регистерски ознаки со брзина од 157 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 80 километри на час. Против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Прочитај Повеќе

Повеќе од 20 години на власт, ДУИ со своите деструктивни политики не донесе развој, туку иселување. Не само што ги натера стотици илјади Албанци да емигрираат, туку со пописот на населението во 2021 година ги избриша и оние што останаа. Пописот се претвори во средство за намалување на реалноста на Албанците во државата, додека раководството на ДУИ, како и секогаш, одбра да молчи пред уште едно ново политичко злосторство; велат од ВЛЕН. -Но, молчењето не е доволна за да се избегне одговорноста. Албанскиот народ бара одговори, зошто беше прифатено од нивна страна да дијаспората се третира како „нерезидентна“, кога токму…

Прочитај Повеќе

Станува збор за брз мотерен чамец, на кој пламенот се појавил непосредно откако сопственикот го стартувал моторот на пловилото. За среќа огнот е веќе изгаснат, благодарение на брзата реакција на ТППЕ Охрид, а на помош пристапиле и припадници на АРМ.

Прочитај Повеќе

Десетгодишно девојче со потекло од Македонија вчера се удавило во реката Пјаве во близина на Сан Џакомо ди Педероба во покраината Тревизо, пренесуваат италијанските медиуми. Девојчето во реката се капело со своите браќа и сестри, кога родителите забележале дека ја нема. Тие веднаш го пријавиле исчезнувањето, а на лице место пристигнале противпожарната служба на Тревизо со дваесет единици, хеликоптер од одделот за летови на Венеција, со нуркачи и беспилотни летала. Операциите за пребарување биле особено сложени поради силните речни струи. Телото на девојчето било извлечено по неколку часа, а според информациите што ги пренесуваат медиумите, било најдено заглавено меѓу карпи…

Прочитај Повеќе