Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат: · од 8:30 до 15:30 часот корисниците од селото Света Петка (Општина Сопиште); · од 9:00 до 14:00 часот корисниците дел од селото Маркова Сушица (Општина Студеничани); · од 9:00 до 14:00 часот корисниците дел од улиците „100“, „21“, „23“ и „83“ (Општина Ѓорче Петров).
Автор: K.
СВР Скопје ги известува граѓаните дека денеска и утре поради одржување на средба на лидерите од Западен Балкан, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје. СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Дарко Ѓукиќ и Охрид ја потврдија меѓусебната соработка. Српското крило се враќа во мак-ракометот по само една година, а кариерата ќе ја продолжи крај Охридското езеро. Договорот меѓу двете страни е во времетраење од две години. Клубот објави видео-обраќање од Ѓукиќ до навивачите и потврда за последниот потпис. -Поздрав до сите навивачи на Охрид. Сакам да ве известам дека наредните две години ќе бидеме заедно, на иста страна. Ќе се бориме за клубот и градот Охрид, се надевам многу ќе се радуваме заедно, кратко прокоментира Ѓукиќ.
Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, денес и утре ќе ја посети нашата држава. За време на нејзиниот престој, таа ќе оствари средба со премиерот Христијан Мицкоски, а исто така ќе учествува и на лидерскиот состанок ЕУ – Западен Балкан, кој во текот на следните два дена ќе се одржи во Скопје, а на кој ќе се дискутира за Планот за раст. За денес попладне е закажана тет-а-тет средба на еврокомесарката Кос со премиерот Мицкоски, по што ќе следи и билатерална средба со останатите делегации. На лидерската средба е најавено присуство на лидерите од Западен Балкан, како и на министри, високи…
Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 36 степени. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната дневна температура ќе изнесува до 34 степени Целзиусови, додека УВ индексот ќе биде 9. Се очекува дневните температури во следните до среда да пораснат и до 39 Целзиусови степени.
Премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи објави дека Граѓанскиот суд Скопје донел правосилна пресуда со која се утврдува дека поранешната министерка и актуелна пратеничка од СДСМ, Славјанка Петровска, јавно ширела лаги и клевети против него. –Уште една потврда дека на лагата ѝ се кратки нозете. Граѓанскиот суд во Скопје донесе правосилна пресуда со која се утврдува дека поранешната министерка и сегашна пратеничка од СДСМ, Славјанка Петровска, јавно ширела лаги и клевети против мене. Судот ѝ наложи не само да ми се извини, туку и да ја објави пресудата во медиумите, затоа што вистината мора да излезе на виделина, пишува Мицкоски…
Партијата на пензионерите денеска објави дека ќе ја напушти досегашната коалиција со СДСМ и на претстојните локални избори ќе настапи како дел од владејачката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ. Како што соопшти претседателот на партијата, Илија Николовски, одлуката е донесена на барање на членството – околу 90% од нив се изјасниле дека сакаат соработка со актуелната власт. –Ние, како Партија на пензионери, досега бевме во коалиција со СДСМ. Имаме извршен одбор, имаме централен одбор, расправавме на таа тема и од 100 луѓе, неколкумина се изјаснија дека треба да бидеме самостојни, ниту еден не се изјасни дека треба да останеме со СДСМ, а…
Денес, 29 јули 2025 година, избувна првиот голем пожар на отворено оваа летна сезона, кој го зафати селото Јосифово во Општина Валандово. Поради силниот ветер и високите температури, огнот брзо се прошири и ја загрози блиската населба. На терен интервенираат Територијалните противпожарни единици од Валандово, со четири возила и седум пожарникари, како и од Гевгелија со едно возило и три пожарникари. Во гаснењето се вклучи и хеликоптерот на Министерството за внатрешни работи, кој веќе е во воздух и се упатува кон местото на пожарот. Покрај ова, побарани се и дополнителни копнени сили, како човечки ресурси, така и возила, за да…
На 28.06.2025 во 19.30 часот, во Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, пријавено е дека лица од пловен објект кој бил во водите на Охридското езеро, на околу 2.5 километри од езерскиот брег наспроти авто кампот „Извиднички“, бараат помош. Полициски службеници со службен глисер веднаш се упатиле кон посочената локација, каде се забележани четири лица на едрилица кои барале помош. Преземени се неопходните мерки и лицата се безбедно пренесени во полициската станица кај каналот „Студенчишта“. Безбедно е извлечена и едрилицата на која, поради лошите временски услови со силен ветар и бранови, дошло до кршење на крмениот лист, по што,…
Македонскиот тенисер Калин Ивановски е елиминиран во полуфиналето на ИТФ фјучрсот М15 Загреб. Поусшепен од него беше третиот носител Мирза Башиќ од Босна и Херцеговина со 2-0 во сетови (6:4, 6:4) за 95 минути игра. Во изедначен меч (67:61 на поени) поискусниот Башиќ (33.години) успеа да искористи три брејк топки додека Ивановски направи еден брејк што на крајот се покажа решавачко. Во првиот сет единствениот брејк Башиќ го направи во петтиот гем кога го одзема сервисот на Ивановски и поведе со 3:2 во гемови. Во вториот сет имаше повеќе неизвесност. Повторно во петтиот гем од сетот Башиќ прави брејк, но…