Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»АНБ со акција против пропагандна мрежа: Претрес кај македонски државјанин осомничен за ширење дезинформации
    Република

    АНБ со акција против пропагандна мрежа: Претрес кај македонски државјанин осомничен за ширење дезинформации

    01/10/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со Министерството за внатрешни работи и Обвинителството, презела истражни дејствија против македонски државјанин за кој постои сомнение дека е поврзан со странски фактори и пропагандна мрежа активна во земјава.

    Според информациите од АНБ, на 18 септември 2026 година бил извршен претрес во домот на лицето, при што биле пронајдени и одземени предмети кои се доставени на дополнително вештачење.

    Од Агенцијата наведуваат дека постои основано сомнение за сторени кривични дела поврзани со предизвикување национална, расна и верска омраза, оддавање службена тајна, како и ширење расистички и ксенофобичен материјал преку компјутерски систем.

    Според АНБ, станува збор за активности поврзани со пропагандна мрежа која, како што наведуваат, користи клонирани псевдо-портали регистрирани со македонски интернет домен, преку кои се пласираат лажни вести, дезинформации и содржини со цел влијание врз јавниот дискурс.

    „Вистинските актери на оваа пропагандна мрежа се кријат преку клонирани псевдо-портали интегрирани во македонскиот медиумски простор“, велат од АНБ, додавајќи дека преку таквите активности се создавале наративи што можеле да ја нарушат довербата во институциите и да поттикнат етничка и национална нетрпеливост.

    Од Агенцијата тврдат дека овие активности се поврзани со проруски хибридни активности и мрежи надоврзани на регионални политички структури, со кои, според нив, се врши поткопување на евроинтегративните процеси на државата.

    АНБ соопшти дека ќе продолжи со активностите за откривање и спречување на субверзивно-пропагандни дејствија и влијанија од странски фактори.

    Поврзани вести:

    Мицкоски од Брисел за нападот во Охрид: Сторителот мора да биде изведен пред правдата

    Мицкоски од Брисел за нападот во Охрид: Сторителот мора да биде изведен пред правдата

    Нов пресврт во случајот со Сара Ѓорѓиевска: Повторно е уапсен Кристијан Корабоски

    Нов пресврт во случајот со Сара Ѓорѓиевска: Повторно е уапсен Кристијан Корабоски

    Марија Митева: Очекувам Јавното обвинителство итно да постапи за случајот во Охрид

    Марија Митева: Очекувам Јавното обвинителство итно да постапи за случајот во Охрид

    Мицкоски од Брисел: Продолжуваме со реформите и заштитата на националните интереси

    Мицкоски од Брисел: Продолжуваме со реформите и заштитата на националните интереси

    Моето дете се бори за живот, а некој се обидува да го прикрие случајот, мајката на Сара со потресно сведоштво

    Моето дете се бори за живот, а некој се обидува да го прикрие случајот, мајката на Сара со потресно сведоштво

    Искра Хаџи Василева денеска официјално ја презема функцијата шефица на ОЈО ГОКК

    Искра Хаџи Василева денеска официјално ја презема функцијата шефица на ОЈО ГОКК

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Мицкоски од Брисел за нападот во Охрид: Сторителот мора да биде изведен пред правдата

    16/11/2026

    Нов пресврт во случајот со Сара Ѓорѓиевска: Повторно е уапсен Кристијан Корабоски

    16/11/2026

    Марија Митева: Очекувам Јавното обвинителство итно да постапи за случајот во Охрид

    16/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.