Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Home » Американските војници добија плата од анонимен донатор
    Свет

    Американските војници добија плата од анонимен донатор

    25/10/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Пентагон објави дека прифатил анонимна донација од 130 милиони долари за исплата на американските трупи за време на финансиската блокада на Владата на САД.
    Во соопштението на главниот портпарол на Пентагон, Шон Парнел, се вели дека Министерството за одбрана на САД во четвртокот „прифатило анонимна донација од 130 милиони долари во согласност со неговото општо овластување за прифаќање подароци“.
    Донацијата е дадена под услов да се користи за компензација на трошоците за плати и бенефиции на припадниците на војската, според соопштението за медиумите објавено од Еј-Би-Си Њуз.
    Околу два милиони припадници на американската војска се изложени на ризик да останат без плата доколку блокадата на финансирањето на владините институции продолжи.
    Претседателот на САД, Доналд Трамп, претходно изјави дека богат приватен донатор обезбедил 130 милиони долари на американската влада за да ги покрие евентуалните недостатоци во исплатата на воените плати поради тековното затворање на владата.
    Зборувајќи на настан во Белата куќа, Трамп го пофали донаторот како „патриот“ и „пријател“, но одби да го открие неговиот идентитет.
    Претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, оцени дека станува збор за привремено решение и предупреди дека војниците наскоро би можеле да останат без плата доколку Конгресот не го усвои буџетот.
    Федералната влада на САД е делумно суспендирана од 1 октомври поради несогласувања меѓу пратениците околу новиот буџет, а споровите околу субвенциите за здравствена заштита се во центарот на застојот.

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

    анинимен донатор војска плата сад
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Трамп најави дека Иран попуштил за ураниумот, од Техеран молк

    17/04/2026

    Зеленски со реакција на мировниот предлог од САД: Ние не сме идиоти!

    17/04/2026

    „Триумфална Порта” висока 76 метри ќе се гради во Вашингтон во пресрет на јубилејот 250 години независност

    16/04/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
      Прва Скопска ТВ
      Facebook Instagram YouTube
      • За нас
      • Импресум
      • Контакт
      • Програмска шема
      © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

      Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.