Јавниот долг на САД достигна рекордни 40 билиони долари, објави американското Министерство за финансии. Само во последните пет месеци долгот е зголемен за уште еден билион долари, а буџетскиот дефицит во првите десет месеци од фискалната година достигна 1,8 билиони.
Дополнителен проблем се високите каматни стапки, поради кои трошоците за камати на долгот годинава првпат би можеле да надминат еден билион долари. Економистите предупредуваат дека растот на државното задолжување влијае и врз граѓаните преку повисоки камати за станбени, автомобилски и други кредити.
Доколку сегашното темпо продолжи, американскиот јавен долг за само шест години би можел да достигне 50 билиони долари.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
