Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Америка воведе санкции против руските нафтени компании „Роснефт“ и „Лукоил“
    фото: МИА
    Свет

    Америка воведе санкции против руските нафтени компании „Роснефт“ и „Лукоил“

    23/10/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Американското Министерство за финансии воведе санкции против големите руски нафтени компании „Роснефт“ и „Лукоил“ и ја повика Москва веднаш да се согласи на прекин на огнот, соопшти Белата куќа.
    Санкции за двете најголеми руски нафтени компании се воведени, со цел, како што велат, да се „обесцени“ воениот фонд на Путин и да се поддржат напорите на Доналд Трамп за завршување на војната во Украина.
    „Сега е време да се прекине убивањето и веднаш да се воспостави прекин на огнот“, изјави американскиот министер за финансии Скот Бесент. „Имајќи го предвид одбивањето на Путин да го запре овој бесмислен воен конфликт, Министерството за финансии ги санкционира двете најголеми руски нафтени компании кои го финансираат воениот апарат на Кремљ.“
    Тој додаде дека САД се подготвени да преземат дополнителни мерки за да ја завршат војната во Украина. „Ги повикуваме нашите сојузници да ни се придружат и да се придржуваат до овие санкции,“ изјави Бесент.
    За новите санкции се огласи и самиот Трамп:
    „Денес е многу важен ден за она што го правиме. Погледнете, овие се огромни санкции. Навистина големи. Насочени се против нивните две најголеми нафтени компании. Се надеваме дека нема долго да останат на сила, се надеваме дека војната ќе заврши,“ рече тој од Белата куќа.
    Министерот за финансии Бесент претходно им изјави на новинарите во Вашингтон дека најдоцна до четврток ќе бидат објавени дополнителни американски санкции насочени против Русија, оценувајќи дека станува збор за „значително зајакнување на притисокот врз Москва“.
    Истовремено, земјите на Европската унија го одобрија 19-тиот пакет санкции против Русија поради војната во Украина, кој вклучува и забрана за увоз на руски течен природен гас, соопшти денеска данското ротирачко претседателство со ЕУ.

    Поврзани вести:

    Трамп не брза со напад врз Иран: Одлуката ќе падне по Нова година

    Трамп не брза со напад врз Иран: Одлуката ќе падне по Нова година

    Трагедија во Солун: 21-годишник почина по пад од Белата кула

    Трагедија во Солун: 21-годишник почина по пад од Белата кула

    Заврши историската средба Трамп–Путин–Си, разговорите траеле подолго од планираното

    Заврши историската средба Трамп–Путин–Си, разговорите траеле подолго од планираното

    Стотици мажи протестираа во Швајцарија: Не смееме да молчиме за насилството врз жените

    Стотици мажи протестираа во Швајцарија: Не смееме да молчиме за насилството врз жените

    Макрон по 10 години во политиката: Дадов сè од себе за Франција, но имаше и грешки

    Макрон по 10 години во политиката: Дадов сè од себе за Франција, но имаше и грешки

    Вајц: Македонија може да биде лидер во преговорите со ЕУ ако се надминат блокадите

    Вајц: Македонија може да биде лидер во преговорите со ЕУ ако се надминат блокадите

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    лукоил росњефт русија сад санкции
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Трамп не брза со напад врз Иран: Одлуката ќе падне по Нова година

    19/11/2026

    Трагедија во Солун: 21-годишник почина по пад од Белата кула

    19/11/2026

    Заврши историската средба Трамп–Путин–Си, разговорите траеле подолго од планираното

    19/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.