Во Скопје денеска започна Амбасадорскиот совет со учество на шефовите на македонските дипломатско-конзуларни претставништва во странство на кој присуствуваат и премиерот Христијан Мицкоски, шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски и чешкиот министер за надворешни работи, Петр Мацинка,
-Ние изразивме три клучни приоритети, Прво е заштитата на македонските национални интереси. Второ е користењето на потенцијалот на нашите дипломатско-конзуларни претставништва во делот на економската дипломатија, но и стимулирање на трговијата, односно извозната компонента на нашата економија.
Третата е заштитата на интересите на нашите граѓани надвор од нејзините граници — независно дали се тоа Македонци коишто живеат надвор од нашата држава или се тоа наши граѓани коишто патуваат заради различни причини. И во таа смисла тука зборуваме пред сè за конзуларните услуги и потребата од нивна модернизација, подобри услуги за Македонците надвор од границите на државата-изјави Муцунски.
