Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»Алиу: Вкупно 155 медицински сестри ќе потпишат договори на неопределено време во тетовската болница
    Политика

    Алиу: Вкупно 155 медицински сестри ќе потпишат договори на неопределено време во тетовската болница

    21/07/20253 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Во Клиничката болница во Тетово 155 медицински сестри, лекари и друг персонал ќе добијат договори  за вработување на неопределено време, најави на денешната прес-конференција, министерот за здравство, Азир Алиу. Со ова, како што кажа ќе заврши агонијата на 155 лица од кои некои од нив со години работат во институцијата без решен статус. Тој ја обвини опозициската ДУИ дека со децении, иако биле на власт не го решиле проблемот на овие лица.

    – Денеска ја држиме оваа прес-конференција затоа што имаме што да покажеме – резултати, решенија и одговори на сите отворени прашања А тие што направија – седат по ќошиња, задскриени зад тастатурите и шират лаги за да ги покријат сите зулуми и срамоти што ги оставија на граѓаните особено во здравство. Ги слушнавте измислиците дека 155 лица од Тетово нема да се вработат, срамота, дури и за нивниот стандард на лаги. Тоа  е евтин театар за евтини политички поени врз плеќите на луѓето што со години живеат во несигурност, рече министерот за здравство.

    Постапката додаде тој е завршена за 155 лица од Клиничката болница во Тетово, додавајќи дека ДУИ, иако со години биле на власт не го решиле проблемот.

    – Дури кога Арбен Таравари беше една година министер, ништо не направи, само седеше, гледаше како овие луѓе се понижуваат со привремени договори и живеат во несигурност. За жал, денес кога ние конечно донесовме решение тие повторно покажаа дека единственото што знаат е да лажат, да манипулираат и да подметнуваат преку своите луѓе што сè уште шетаат по институциите, рече Азири.

    Министерот го обвини неговиот претходник Таравари дека од страната на ДУИ го користат како „маша на партијата“, додавајќи дека граѓаните тоа го гледаат.

    – Резултатите се нашиот одговор на нивните лаги, рече Азири.

    Одговарајќи на новинарски на прашања, министерот за здравство посочи дека станува збор за административни процеси кои завршуваат, најавувајќи дека наскоро вработените ќе ги потпишат договорите.

    – За жал, ова се административни процеси коишто траат. Ние денеска го решаваме проблемот, административниот дел е завршен, очекуваме за два-три дена да ги потпишат договорите, рече министерот.

    Азири дополни дека станува збор за различен кадар, медицински сестри, лекари, хигиеничари, вкупно 155 лица и најави дека повторно ќе се сретне со нив.

    – Знаете дека јас првата средба ја имав во Тетово со нив и тогаш им кажав дека решението на проблемот ќе го најдеме и го најдовме.  Верувам дека после оваа прес-конференција тие веќе се спокојни и еве уште еднаш јавно кажувам дека многу брзо лично јас ќе одам таму да се видам со нив, за да ги добијат тие договори, кажа Алиу.

    Во однос на зголемувањето на бројот на вработените во Итната помош и набавката на амбулантни возила, министерот посочи дека двата процеси се активни. Покрај Скопје, амбуланти возила ќе добијат и останатите центри во државата. Министерството побарало информации од надлежните за недостигот на кадар и на амбулантни возила од центрите.

    – При крај се вработувањата во таа служба, исто така размислуваме за амбулантни возила коишто најверојатно, ќе бидат купени не само за Скопје туку за сите градови. Во моментот бараме по електронски пат да одговорат од сите центри колкав е недостигот и на возила и на човечки ресурси. Понатаму ќе продолжиме со постапките. Знаете дека постапката во Скопје веќе е при крај и очекуваме најверојатно за максимум десет дена да биде завршена, рече министерот Азир Алиу.

    Поврзани вести:

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, Владата води дијалог со Бугарија

    Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, Владата води дијалог со Бугарија

    Партиски препукувања за бегството на Ива Михаилова во Бугарија

    Партиски препукувања за бегството на Ива Михаилова во Бугарија

    Собранието денеска на нова седница, Мицкоски и министрите на опозициски пратенички прашања

    Собранието денеска на нова седница, Мицкоски и министрите на опозициски пратенички прашања

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    16/10/2026

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    15/10/2026

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    15/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.