Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Скопје»Акција кај Бит-пазар: Отстранети диви тезги и запленети 500 килограми храна
    Скопје

    Акција кај Бит-пазар: Отстранети диви тезги и запленети 500 килограми храна

    29/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во координација со надлежните институции, спроведоа вонредна контрола на дивите продавачи на земјоделски производи поставени долж булеварот „Крсте Петков Мисирков“ во Скопје.

    Акцијата била реализирана во раните утрински часови на потегот од трговскиот центар „Мавровка“ до Бит-пазар, а во неа учествувале и комуналните инспектори на Град Скопје, инспектори од Државниот пазарен инспекторат и припадници на Министерството за внатрешни работи.

    Од АХВ информираат дека биле отстранети сите диво поставени тезги, од кои најголем дел биле наменети за продажба на овошје и зеленчук. При контролата биле одземени околу 500 килограми храна, претежно земјоделски производи, како и целата опрема за продажба поставена на пешачките и велосипедските патеки.

    „Отстранети се сите диви тезги, повеќето со овошје и зеленчук. Одземена е храна во количина од околу 500 килограми и отстранета е целокупната опрема за продажба што била диво поставена на пешачките и велосипедските патеки. На сторителите ќе им бидат изречени соодветни прекршочни мерки“, соопштија од АХВ.

    Од Агенцијата дополнително информираат дека во одделна акција со СВР Гостивар, официјални ветеринари извршиле контрола на приватен имот во селото Чајле, каде што биле пронајдени 150 килограми месо со изминат рок, без декларација и со непознато потекло.

    Небезбедното месо било запленето и уништено на депонијата „Русино“.

    Поврзани вести:

    Тажна вест: Почина Агрон Мемеди, поранешен репрезентативец и тренер на Шкендија

    Тажна вест: Почина Агрон Мемеди, поранешен репрезентативец и тренер на Шкендија

    Каменик конечно ќе добие вода за пиење, по водоводот следува и нов асфалт, најави премиерот Мицкоски

    Каменик конечно ќе добие вода за пиење, по водоводот следува и нов асфалт, најави премиерот Мицкоски

    По повод празникот на градот, деца од скопските градинки креираа макети на значајните објекти во Скопје

    По повод празникот на градот, деца од скопските градинки креираа макети на значајните објекти во Скопје

    Новата детска градинка „Лавче“ во Инџиково ги отвори вратите за најмалите жители

    Новата детска градинка „Лавче“ во Инџиково ги отвори вратите за најмалите жители

    Четири скопски општини денеска без струја поради планирани интервенции

    Четири скопски општини денеска без струја поради планирани интервенции

    13 Ноември – денот кога Скопје ја избори својата слобода

    13 Ноември – денот кога Скопје ја избори својата слобода

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Тажна вест: Почина Агрон Мемеди, поранешен репрезентативец и тренер на Шкендија

    14/11/2026

    Каменик конечно ќе добие вода за пиење, по водоводот следува и нов асфалт, најави премиерот Мицкоски

    14/11/2026

    По повод празникот на градот, деца од скопските градинки креираа макети на значајните објекти во Скопје

    13/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.