Аеродром и оваа година ќе доделува еднократна парична помош за семејствата чие дете е прваче во едно од основните училишта на територијата на општината во висина од 3.500 денари. Рокот за пријавување е од денеска и ќе трае до 30 септември.
Потребно е, како што соопштија од Општината, сите семејства што имаат првачиња до архивата да поднесат потврда за запишан ученик, заверена од основно училиште, фотокопија од извод од матичната книга на родените за првачето, како и на увид лична карта или патна исправа на барателот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
