Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Скопје»Ќе се пробива „Есенинова“ од „Чешма“ до „Шампионче“, кажа Ѓорѓиевски
    Скопје

    Ќе се пробива „Есенинова“ од „Чешма“ до „Шампионче“, кажа Ѓорѓиевски

    30/09/20254 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски денес во срцето на Кисела Вода одржа прес – конференција.

    Денес сме овде, во срцето на Кисела Вода, кај „Есенинова“, не само за да зборуваме за инфраструктура, туку за да зборуваме за иднината. За град кој дише, кој се движи, кој ги поврзува луѓето, а не ги блокира. За Скопје какво што го заслужуваме. Во рамки на втората фаза од проектот „Есенинова“, започнуваме со пробивање на улицата од „Чешма“ до „Шампионче“, со што директно ги поврзуваме улицата „Антон Панов“ и булеварот „Борис Трајковски“, кој исто така ќе биде довршен до Драчево. Оваа интервенција значи растеретување, побрз пристап, подобра мобилност за жителите на Кисела Вода, изјави Ѓорѓиевски.

    Тој додаде дека ова е само дел од пошироката мрежа на инфраструктурни решенија што ги предвидува за Скопје:

    „Бутелска“ ќе се поврзе со булевар „Христијан Тодоровски Карпош“, во близина на обиколницата, со цел елиминирање на ризици и гужви.

    Улицата „Лука Геров“ во Ѓорче ќе се поврзе со патот за „Економија“, обезбедувајќи безбеден премин преку пругата и интеграција на населбите Даме Груев и Стопански Двор.

    Новата улица меѓу Хиподром и Општина Илинден ќе донесе брзина, безбедност и економски развој.

    Улицата „Пролетна Офанзива“ ќе биде нова артерија што ги поврзува Гази Баба, Аеродром и Кисела Вода преку мост над Вардар и клучка кај Хиподром, во првата фаза со нејзина изградба во делот на општина Гази баба и проектирање за целосна нејзина изградба,

    Улицата „Веле Марков“ во Ѓорче Петров ќе се поврзе со булевар „Македонска Војска“, растоварувајќи го локалниот метеж.

    Улицата „Шарпланинска“ ќе ги поврзе жителите од населбата Даме Груев со главните коридори, со модерна инфраструктура и зеленило.

    Улицата „Даме Груев“ во центарот на Скопје, ќе прерасне во булеварско решение, со правно и техничко решение за зградата на „Макотекс“ и модел за паркирање на жителите кои живеат во тој реон. Со еализација на овој булевар комплетно ќе го ослободиме центарот на Скопје од возила.

    А таму каде што улиците веќе постојат, но се децениски запоставени, започнуваме со реконструкција:

    1.„Перо Наков“ во Гази Баба – индустриско срце на Скопје, конечно добива современа инфраструктура.

    2.„Фрањо Клуз“ во Аеродром конечно ќе биде реконструирана за безбедно и современо движење.

    3.Улицата „Стар Качанички пат“ клучен за развојот на Економската зона Визбегово и за целата државна економија ќе биде целосно реконструирана.

    4.Улицата „101“ во Волково – решавање на пристапот до железничката станица и урбано достоинство.

    5.Улицата „Загребска“ – главна артерија до Детската болница „Козле“, со значење за итни медицински интервенции ќе биде реконструирана.

    6.„Бутелска“ и „Радишанска“ – од Расадник до Радишани, со нов асфалт, дренажа, осветлување и сигурен пристап до домови, училишта и здравствени установи.

    Ова не се само улици. Ова се решенија. Ова е нашата заложба за град што не губи време во застои, туку добива време за живот. За град што не се распаѓа, туку се обновува. За град што не ги заборава своите граѓани, туку ги поврзува. За град кои сите општини имаат рамномерен развој“, изјави Ѓорѓиевски.

    Тој додаде сека секој метар нова улица значи минута помалку во гужва. Секој реконструиран тротоар значи поголема безбедност. Секој поврзан кварт значи подобар пристап до училишта, болници, работни места. Ова е нашата визија. Ова е нашата програма. Ова е нашата заложба.

    Во таа насока, очекувам да ја продолжиме и продлабочиме соработката со Министерството за транспорт и министерот Александар Николовски кој е денес тука заедно со мене. Со нив започнавме успешни проекти во Кисела Вода, еве денеска заеднички бевме на увид на реконструкцијата на улицата „Ѓорѓи Димитров“, а веќе се реализираат и 13 други капитални проекти за кои Кисела Вода аплицираше и доби средства од Владата. Да продолжиме заедно, чекор по чекор, улица по улица кон Скопје што го заслужуваме, потенцира Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Град Скопје.

    Поврзани вести:

    Жителите на Пинтија добија нова фекална канализација, заврши проектот на улицата „Саса“

    Жителите на Пинтија добија нова фекална канализација, заврши проектот на улицата „Саса“

    Општина Кисела Вода ја зајакнува соработката со унгарската општина Игал

    Општина Кисела Вода ја зајакнува соработката со унгарската општина Игал

    Крводарителска акција во Општина Карпош во четврток

    Крводарителска акција во Општина Карпош во четврток

    Финансиската помош за пензионерите во Центар зголемена од 2.500 на 5.000 денари

    Финансиската помош за пензионерите во Центар зголемена од 2.500 на 5.000 денари

    Водата во Скопје е исправна и безбедна за пиење

    Водата во Скопје е исправна и безбедна за пиење

    Целосна реконструкција на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“ со изградба на нова атмосферска канализација

    Целосна реконструкција на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“ со изградба на нова атмосферска канализација

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Жителите на Пинтија добија нова фекална канализација, заврши проектот на улицата „Саса“

    26/10/2026

    Општина Кисела Вода ја зајакнува соработката со унгарската општина Игал

    26/10/2026

    Крводарителска акција во Општина Карпош во четврток

    26/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.