Жители на Трубарево во редица чекаа за леркарски преглед после големиот пожар во складиштето за отпад. Сите кои беа пред амбулантното возило се жалат дека сеуште чувствуваат лоша и неподнослива миризба. Дел од нив со денови имале главоболка и отежнато дишење.
Голем интерес имаше за лекарските прегледи кои ги вршеа тимови од Клиниката за Пулмологија.
Граѓаните од овој крај се плашат да ги јадат и земјоделските производи, а речиси секоја куќа има градина.
Последните мерења од штипскиот универзитет покажуваат дека не се забележани невообичаено високи концентрации на Пм честички, вклучително и на тешки метали во воздухот во непосредна близина до катастрофата.
Местото каде изгоре складиштето е покриено со земја и е обезбедено од полиција. Постојано има и припадници на противпожарната бригада.
Десетина дена после големиот пожар во складиштето за електронски отпад овде во Трубарево сеуште се чувствува непријатна и иритирачка миризба. Истрагата сеуште е во тек.
