Нефункционални објекти и реквизити, Aква паркот е под клуч и прераснал во финансиски товар, паркингот не заработува, а поддршката за самитот на ОБСЕ е недокументирана. Спортската сала ” Борис Трајковски ” се соочува со низа проблеми,слабости и нерегуларности во работењето се нотира во извештајот на Државниот завод за ревизија.
„Во рамките на претседавањето со ОБСЕ во спортскиот центар друштвото обезбедило логистичка поддршка на Министерството за надворешни работи, но ревизорите укажуваат дека не се доставени записи за изведените работи и инсталации и тие сѐ уште не се ставени во владение на друштвото, пишува во извештајот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
