Споменикот на Мајка Тереза, кој е дивоградба и го блокира влезот на плоштадот Македонија во најстрогиот центар на Скопје, сепак ќе продолжи да се гради. Министерот за култура Зоран Љутков вели дека како и останатите незавршени објекти и овој споменик ќе се доврши, но не даде детали кога ќе се почне со градежни работи. Споменикот на Мајка Тереза е меѓу објектите од проектот „Скопје 2014“.
„Има еден куп проекти кои што се застанати и наша тенденцијата е сите да се завршат. Рушење од практични причини не е добро, затоа што ќе чини дупло повеќе тоа што до сега е изградено да се сруши отколку да се доизгради“, рече Љутков.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
